Ömer Koparan
06 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
АЗЕЗ (АА) - Четворица цивили, од кои 3 деца, се повредени во артилерискиот напад на терористичката организација ЈПГ/ПКК изведен од Тел Рифат кон центарот на Азез во Сирија, кој се наоѓа под контрола на опозицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите на ЈПГ/ПКК од областа Тел Рифат, што треба да ја напуштат во согласност со договорот меѓу Турција и Русија постигнат на 22 октомври, во раните утрински часови изведоа артилериски напад врз областа Азез.
Како резултат на нападот, повредени се 4 цивили, од кои 3 се деца.
Терористичката ЈПГ/ПКК, која беше отстранета од Африн со операцијата „Маслинова гранка“, ја продолжува својата окупација во регионот Тел Рифат.
Терористичката организација, којашто е стационирана во овој регион, честопати ги напаѓа цивилните населби во Африн и Азез, кои се под контрола на Сириската национална војска (СНВ).