Ekipa
18 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Роберта Мецола денес е избрана за претседателка на Европскиот парламент, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Роберта Мецола е избрана за нов претседател на Европскиот парламент со 458 гласови“, соопшти европската институција преку Твитер.
„Сакам луѓето да веруваат во Европа. Повторно да го доловиме тоа чувство на надеж и ентузијазам во нашиот проект. Да се залагаме за оние вредности што нè обединуваат како Европејци“, рече Мецола во говорот минатата недела, при што официјално ја објави својата кандидатура.
43-годишната политичарка од Малта ја претставува најголемата политичка групација во Европскиот парламент, Европската народна партија.
Како адвокат специјализиран за европско право и политика, таа е ЕУ законодавец од 2013 година.
Претходниот шеф на Европскиот парламент, Давид Сасоли, почина минатата недела. Без оглед на неговата здравствена состојба, Сасоли немаше намера да се кандидира за втор мандат.