Fatih Hafız Mehmet
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
БУКУРЕШТ
Романците денеска го бираат својот иден претседател, во вториот круг претседателски избори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните резултати покажуваат дека актуелниот претседател Клаус Јоханис од централнодесничарската Национална либерална партија (PNL) освоил 37 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори одржани на 10 ноември. Јоханис се смета и за фаворит за победа во вториот круг избори.
Виорика Данчила од Социјалдемократската партија (PSD) во првиот круг освои 22 отсто од гласовите и како втора зема учество во вториот круг претседателски избори.
Романија има околу 18 милиони регистрирани гласачи, а одзивот на гласачите во првиот круг од изборите изнесуваше 47 отсто.
Првичните официјални резултати од изборите се очекува да бидат објавени во 21:00 по локално време.