Fuat Kabakcı
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку седум рудари загинаа во несреќата која се случи во рудник на кафеав јаглен на југозападниот дел на Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила во рудникот Фенгчун во градот Чонгинг, а уште најмалку три лица се повредени.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека повредените се згрижени во болница и дека се надвор од животна опасност.
Истрагата за несреќата е во тек, а надлежните власти наредија привремено запирање на работата на сите рудници под ингеренција на компанијата „Chongqing Energy Group“.
Рударските несреќи се честа појава во Кина, а ресорното Министерство изминатото лето изврши инспекции, со цел унапредување на условите за работа и безбедноста на рударите.
Пред два месеца во несреќа во рудник во кинеската покраина Шандонг загинаа осум рудари, а кинеските власти тогаш наредија затворање на 41 рудник во таа покраина.