Ali H. M.Abo Rezeg
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска соопшти дека открила нов таен тунел кој под границите на Либан и Израел го ископале припаднциите на движењето Хезболах, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека израелските сили спровеле операција и ја неутрализирале постоечката закана.
„Тунелот е срушен како што се срушени и оние што претходно ги откривме. Сите оние кои низ тунелот тргнуваат од либанската страна, ќе бидат во опасност“, се наведува во соопштението на израелската војска која порача дека за копањето тајни тунели под границата е одговорна и либанската Влада.
Во соопштението исто така се наведува дека тоа било досега четврт тунел пронајден и срушен на либанско-израелската граниа.
Хезболах не се произнесе во врска со наводите на израелската војска.