Ali Cura
16 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин рече дека извозот на оружје оваа година во однос на минатата, се зголемил и достигнал до бројот од 13 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Путин во својот говор на состанокот на Комисијата за воената техничка соработка со странски држави даде информации за извозот на оружје на Русија.
Подвлекувајќи дека рускиот извоз на оружје и воена опрема е зголемен, Путин нагласи: „Оваа година продадено е оружје во вредност од 13 милијарди долари. Во споредба со минатата година, овој број е зголемен за 2 милијарди. И покрај зголемувањето на санкциите и нелојалната конкуренција, позицијата на Русија на глобалниот пазар на оружје станува силна уште повеќе.“
- Потпишан договор од 558 милиони долари
Путин, исто така истакна дека странски земји, на различни саеми одржани во Русија имале можност да се запознаат со достигнувањата на одбранбената индустрија.
„На тие саеми претставени се борбени авиони од петтата генерација „Су-57“, хеликоптер за тежок транспорт „Ми-38T“ и четвртата генерација на противвоздушен ракетен систем „Викинг“ од среден опсег“, рече Путин, и додаде: „На овие саеми е постигнат договор за 35 милијарди рубли (558 милиони долари).“
Путин истакна дека во однос на продажбата на оружје треба да се придава важност на членовите на Организацијата на колективен договор за безбедност, вклучувајќи го и африканскиот континент, на членовите на Заедницата на независни држави, како и на другите традиционални партнери.
Тој, меѓу другото, побара да се работи на тоа да се подготвуваат договори за продажба на оружје за африканските земји во поволни и флексибилни услови за плаќање.