Ekip
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Русија смета дека најновото ракетно тестирање што го спроведе Северна Кореја е провокација којашто предизвика штета на настојувањата да се реши кризата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, денес изрази надеж дека сите вклучени страни ќе го одржат мирот што е потребен за ситуацијата на Корејскиот Полуостров да не се развие во најлошо можно сценарио.
Песков го осуди ракетното тестирање на Северна Кореја како провокативна акција којашто поттикнува тензии и ги турка настрана напорите за почеток на решавањето на кризата. Тој додаде дека нема причини за оптимизам.
Ракетното тестирање се случи во момент кога делегација од рускиот Парламент беше во посета на Пјонгјанг. Леонид Слуцкиј, претседател на Комитетот за меѓународни односи на Долниот дом, изјави дека членовите на делегацијата ја изразиле загриженоста на Москва и се обидуваат да ја охрабрат Северна Кореја да ја запре деструктивната ескалација на тензиите.