Ekipa
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Бројот на загинатите во циклонот Цемпака, кој го погоди индонезискиот централен остров Јава, денес се искачи на 19 лица. Четворица загинаа во поплавите, а 15 лица се жртви на лигањето на земјиштето, јавува Anadolu Agency (AA).
Циклонот со силен дожд и ветер погоди неколку градови на Јава, информираат од Метеоролошкиот завод на Индонезија (BMKG).
„Се очекува дека циклонот ќе донесе обилни дождови на Јава и на соседните острови, силни ветрови и огромни бранови до шест метри", изјави Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на БМКГ.
Илјадници куќи и земјоделско земјиште беа целосно потопени поради излевањето на реките, а властите ја проценија штетата на стотици милиони долари. Повеќе од 4.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Метеоролозите предвидуваат дека циклонот ќе трае три дена, а населението е предупредено да очекува поплави, лизгање на земјиштето и паѓање на дрвјата.
Цемпака донесе неочекувана корист, бидејќи благодарение на промената на правецот на ветерот беше расчистен облакот од вулканска пепел, исфрлен од планината Aгунг на островот Бали.