Ekipa
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
МОСКВА (АА) - Во трговски центар во рускиот град Кемерово денес изби пожар, во кој смртно настрадаа четири деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пожарот наводно избил на четвртиот кат каде што се наоѓа кино и детски забавен центар.
Рускиот истражен комитет соопшти дека во пожарот починале четири деца, но не наведе дали починале од изгореници или вдишување на чад.
Руската новинска агенција ТАСС јавува дека девет лица се хоспитализирани.
Пожарот изби во трговскиот центар „Зимнаја вишња“ во градот кој се наоѓа 3.000 километри источно од Москва.
Причината за пожарот сè уште не е позната.