Ekipa
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ТРЕБ (AA) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, порача дека неодамнешниот смртоносен напад во јужниот дел на Франција покажал дека е неопходно да се преземат построги мерки во борбата против терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, по повод денешното оддавање почит на полицаецот Арно Белтрам во Франција, кој го даде својот живот за да ги спаси заложниците за време на терористичкиот напад во петокот.
Трамп, на својот профил на Твитер, напиша дека во светот постои храброст во борбата против ДЕАШ, но дека се неопходни построги мерки, особено на границите.
Белтрам во петокот се понуди како размена за жена заложник земена од вооружениот 25-годишен напаѓач Ридуан Лакдим. Успешно го остави својот мобилен телефон уклучен, така што полицијата надвор можела да слушне што се случува во супермаркетот. Официјалните лица изјавија дека кога ја слушнале пукотницата во супермаркетот, одлучиле да го нападнат Лакдим, убивајќи го со огнено оружје.
Белтрам беше тешко повреден, а со неговата смрт бројот на жртвите во нападот се зголеми на четири лица, додека 15 лица се повредени.
Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападот, најкрвавиот напад од кога Емануел Макрон е претседател на Франција, од мај минатата година