Emre Gürkan Abay
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија „Газпром“ соопшти дека целосно ја прекинала испораката на природен гас во Холандија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на „Газпром“ се наведува дека холандската компанија за природен гас „GasTerra“ не ја извршила потребната исплата во рубли за испорака на рускиот гас.
Посочувајќи дека од 1 април плаќањата за рускиот гас треба да се вршат во рубљи, во соопштението се наведува дека денеска целосно е прекината испораката на гас за Холандија, која не го извршила наведеното плаќање.
Во вчерашното соопштение на „GasTerra“, беше наведено дека со прекинот на снабдувањето меѓу 31 мај и 1 октомври, кога завршува и датумот на договор, нема да се купат 2 милијарди кубни метри природен гас.
„Газпром“ претходно ја стопираше испораката на природен гас во Полска, Бугарија и Финска со образложение дека не платиле во рубљи.