Emre Gürkan Abay
05 Март 2021•Ажурирај: 08 Март 2021
МОСКВА
Русија првпат од распадот на Советскиот Сојуз забележа помал економски пад од светскиот просек, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот што го подготви Високата економска школа во Русија е наведено дека руската економија минатата година забележала пад од 3,1 отсто, додека светската економија паднала за 3,5 отсто.
Во извештајот е истакнато дека руската економија првпат по 30 години забележала поблаг пад во однос на глобалната економија.
„Русија првпат во периодот по Советскиот Сојуз забележа поумерена рецесија во однос на глобалниот просек, и покрај наглиот пад на цените на нафтата и глобалната криза“, се наведува во извештајот.
Во извештајот уште стои дека поради санкциите руската економија забележала пад од 2 отсто во 2015 година, светската економија се зголемила за 3,4 отсто, и дека во текот на кризата во 2008 година, глобалната економија паднала за 0,1 отсто, а руската за 7,8 отсто.
Исто така, во извештајот се наведува дека пандемијата на коронавирусот предизвикала пад на потрошувачката активност во руската економија, потешкотии во производството, нагол пад на обемот на извозот и глобалната цена на нафтата.