Ali Cura
03 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека Руската морнарица во Пацификот започна вежба со повеќе од 40 воени бродови, 20 воени авиони и хеликоптери, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека воената вежба што денеска ја започнаа морнаричките сили, се спроведува под команда на адмиралот Сергеј Авакјантс.
Се нагласува дека повеќе од 40 воени бродови и 20 авиони и хеликоптери учествуваат во вежбата на Руската морнарица на Пацификот.
Во воената вежба учествуваат командниот брод „Маршал Крилов“, фрегатата „Маршал Шапошников“, подморници и корвети, миноловци и помошни бродови.
„Во текот на вежбата бродските групи со поморска авијација ќе бараат подморници на непријателски сили, ќе се организира воздушна одбрана на тактичките бродски групи, ќе се изведуваат вежби за борбена обука“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Вежбата во Тихиот Океан, според планот, ќе трае до 10 јуни.