Onur Usta
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - Ќе биде отстранет бегалскиот камп во Мосел, во источниот дел на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од канцеларијата на гувернерот на Moсел се наведува дека наскоро ќе биде отстранет кампот во кој има 200 лица со потекло од Балканот.
„Кампот не ги задоволува потребите на мигрантите што се сместени во него и претставува ризик за безбедноста на градот“, се вели во соопштението.
Дел од мигрантите од кампот ќе бидат испратени во прифатни центри, а останатите мигранти во првата можност ќе бидат испратени во земјите каде што барале азил.
Последен пат бегалски камп во градот беше отстранет минатото лето. Тогаш беше отстранет камп во кој беа сместени 160 луѓе.
Од друга страна, францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека најголем број мигранти се наоѓаат во бегалскиот камп во Кале и дека наскоро ќе тој биде целосно отстранет.