Justin L. Stewart
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
САНТА ПОЛА (АА) - Повеќе од илјада семејства се евакуирани поради пожарот што избувна во шумската област во јужниот дел на сојузната американска држава Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот избувна во шумското подрачје на Вентури, јужна Калифорнија. Поради ветерот, огнот се прошири на површина од 40 квадратни километри.
Компанијата за дистрибуција на електрична енергија „SCE“ (СЦЕ) објави дека околу 180.000 корисници во областа Вентура останале без електрична енергија.
Во прекин е наставата на Универзитетот „Тома Аквински“, кој се наоѓа во близина на местото каде што избувна пожарот.
Противпожарните единици од Лос Анџелес и на Санта Барбара, исто така обезбедија поддршка за гаснењето на пожарот.