Tayfun Salcı
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Лицето кое тврди дека се подготвувало да изведе атентат на британската премиерка Меј, со бомба и нож, денеска ќе биде изведено пред суд, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на британската медиумска куќа Би-би-си (BBC), осомничениот Наа Закарија Рахман (20), минатата недела беше фатен пред канцеларијата на британската премиерка на Даунинг стрит, додека се подготвувал да изведе бомбашки напад.
Рахман тврди дека требал со бомба да ги разнесе вратите што го заштитуваат Даунинг стрит, по што со нож би ја убил британската премиерка.
Екипите за борба против тероризмот на 28 ноември спроведоа операција во којашто го приведоа Рахман и вториот осомничен, Мохамед Акиб. Тие денеска ќе бидат изведени пред суд.
Директорот на британската разузнавачката служба МИ5, Андрју Паркер, изјави дека од март оваа година досега, на ниво на целата земја биле спречени 9 терористички напади, и тврди дека терористичките закани се зголемуваат во невидени размери и брзина, во споредба со минатото.
Почнувајќи од првиот терористички напад на 22 март, во Британија се изведени 5 напади со возило, со нож и со бомба, во коишто животот го загубија 36 лица. Во еден од нападите, нападнати беа муслимани кои по молитвата излегуваа од џамија.