Ahmet Furkan Mercan
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
ТОКИО
Како резултат на експлозија на подморски вулкан во Јапонија, се појави нов остров со дијаметар од 1 километар во близина на островите Ивото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) соопшти дека подводниот вулкан, на 50 километри јужно од островите Ивото во Тихиот Океан, еруптирал минатата недела.
Според веста на новинската агенцијата „Кјодо“, базирана на извори на Националната крајбрежна стража, новиот остров со дијаметар од 1 километар и во форма на буквата С се појавил во близина на регионот Ивото по ерупцијата.
Се предупредува дека во регионот каде што вулканската активност ќе продолжи можно е да се појави облак од чад и пепел.
Регионот Ивото, познат по својата вулканска структура, се наоѓа на 1.200 километри јужно од главниот град Токио.