Betül Yürük
23 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ЊУЈОРК
Бројот на лица што загинаа во поплавите во американската сојузна држава Тенеси е зголемен на 22, додека 45 лица се водат како исчезнати, соопштија денес локалните власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Автопатот во градот Вејверли вчера беше недостапен поради обилните врнежи, а дојде и до снемување струја во окрузите Хикмен, Хјустон и Хамфрис.

Во подрачјата погодени од поплавите од 20 часот по локално време на сила е полициски час, а хеликоптерите и тимовите за помош се пратени на терен поради потрага и спасување на исчезнатите.
Од Агенцијата за управување во итни случаи на Тенеси (TEMA) е наведено дека обилните врнежи предизвикале поплави во многу делови на државата.
