Elvir Hociç
29 Април 2018•Ажурирај: 30 Април 2018
СЕУЛ (AA) - Властите на Северна Кореја објавија дека во мај ќе биде затворен полигонот за нуклеарни тестирање во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, новинската агенција „Јонхап“ од Сеул јави дека договорот за затворање на полигонот Пунџие-ри е постигнат во петокот на историскиот корејски самит.
Истиот извор јавува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се согласил затворањето на полигонот и демонтирањето на комплексот да биде јавно, со присуство на новинари и експерти за меѓународна безбедност.
Во петокот лидерите на двете Кореи, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун, одржаа историски состанок во пограничното и демилитаризирано село Панмунџом. Беше потпишана декларација за мир, просперитет и обединување на Корејскиот Полуостров.
Од друга страна, претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, најави продолжување на дипломатскиот процес за решавање на кризата на Корејскиот Полуостров, но и продолжување на политиката на максимален притисок врз режимот на Северна Кореја сè додека не се спроведе денуклеаризација во таа земја.
Кабинетот на американскиот претседател во Белата куќа соопшти дека има Трамп за ситуацијата на Корејскиот Полуостров синоќа одвоено разговарал со јапонскиот премиер Шинзо Абе и со јужнокорејскиот претседател Мун Џae-ин.
Мун, Абе и Трамп се согласиле дека промената на ставот на лидерот на Северна Кореја и подготвеноста за откажување од развивањето на нуклеарното оружје е директен резултат на политиката на максимален притисок која САД ја предводи кон официјален Пјонгјанг.