Emre Aytekin
06 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
АНКАРА (АА) - Јужна и Северна Кореја се договорија за одржување Самит на лидери кон крајот на идниот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската Новинска агенција „Јонхап“, објави вест, базирана врз соопштението на раководството на Сеул, во која се вели дека двете земји се договориле, кон крајот на април да организираат Самит, на кој ќе учествуваат лидерите на двете земји.
Чунг Еуи-Јонг, советникот за безбедност на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, соопшти дека е одлучено, Самитот да се одржи на границата меѓу двете земји, во местото Панмунџом, кое се наоѓа во подрачјето на заедничката безбедност.
Во меѓувреме, раководството на Северна Кореја соопшти дека нуклеарното оружје нема да го користи против Јужна Кореја, а доколку се договори со САД, тогаш ќе се посвети на запирање на нуклеарните и ракетни тестирања.
Освен тоа, се соопштува дека е донесена одлука за воспоставување специјална линија, која ќе овозможи консултации меѓу лидерите на двете земји и намалување на воената напнатост.
Раководството на Северна Кореја сѐ уште не ја потврди изјавата на Чунг, кој како специјален претставник на Мун, беше во дводневна посета на Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја.
Чунг со својата четиричлена делегација, за време на посетата на Северна Кореја се сретна со лидерот Ким Јонг Ун.