Ahmet Furkan Mercan
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
ТОКИО (АА) - Северна Кореја тестираше балистичка ракета кон нејзините источни води, објавија јужнокорејските медиуми денеска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја рече дека ракетата била лансирана од Сунан во близина на главниот град Пјонгјанг до Јапонското Море во 12:03 часот по локално време“, објави новинската агенција „Јонхап“.
Според јапонскиот јавен сервис НХК (NHK), јапонското Министерство за одбрана објави дека ракетата паднала надвор од јапонската национална ексклузивна зона.
Јапонскиот премиер Кишида Фумио им наложи на релевантните институции да спроведат студии за проценка на можни штети на бродови и авиони во регионот.
Со последниот тест, Северна Кореја тестира ракета по 14-ти пат од почетокот на оваа година.