Gökhan Kavak
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Сомалија се соочува со ризик од глад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдирахман Абдишакур Варсаме, специјалниот претставник на сомалискиот претседател, истакна дека 6,1 милион луѓе ширум земјата имаат сериозни проблеми со обезбедување храна.
Зборувајќи дека неговата земја се соочува со глад, Варсаме истакна дека 330.000 деца се соочуваат со недостаток на храна поради сушата која продолжува.
Варсаме ги повика сите засегнати страни да преземаат итни мерки.
Според податоците на Обединетите нации, на милиони луѓе им е потребна итна помош во Сомалија, каде што од крајот на 2020 година, количеството на сезонските врнежи не се соодветни.
Од 1990 година, Сомалија доживеа повеќе од 30 природни катастрофи како што се поплави и суши поради климатските промени.
Сомалиската влада прогласи „вонредна состојба“ низ целата земја на 23 ноември 2021 година, поради зголемената суша.
Светската здравствена организација (СЗО) упати повик до меѓународната заедница за итна помош поради хуманитарната криза во Сомалија.