Emre Aytekin
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
МАНИЛА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер ги погоди Филипините и предизвика голема паника меѓу жителите на главниот град Манила, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека епицентарот на потресот е регистриран во градот Гутада, кој се наоѓа на 100 километри северно од Манила.
Епицентарот бил на длабочина од 40 километри, а поради големата паника во Манила се евакуирани посетителите на бројни хотели и трговски центри.
Досега нема информации за настрадани.