İlker Girit
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
ХОМС (АА) - Сирискиот режим доцна синоќа соопшти дека неговите сили презеле контрола од ДЕАШ над градот Палмира, со помош на руските воздушни сили и ирански групи на терен.Халид ел Хумси, службеник на Медиа на центарот на Палмира, за Anadolu Agency (AA) изјави дека режимските сили потполно ја зазеле Палмира.
ДЕАШ во декември минатата година ја презеде Палмира од сириските сили, кои претходно од март го контролираа градот.
Кога ДЕАШ прв пат влезе во Палмира во мај 2015 година, уништија две илјади години стар храм Бел и други ненадокнадливи археолошки наоѓалишта.
Русија е главен финансиер на режимот на Башар ал Асад, со Иран и либанскиот Хезболах. Русија води опсежна воздушна кампања во Сирија и ги распореди своите специјални сили на копно кои водат борба против„ терористите”, станува збор за термин кој во Москва и Дамаск го користат за припадниците на сите бунтовнички вооружени сили.