Ekipa
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ЏАРАБУЛУС (АА) - Најмалку 13 лица се ранети во експлозија на бомба поставена на возило во сирискиот град Џарабулус, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори соопштија дека во нападот извршен во Џарабулус, кој од терористите на ДЕАШ е ослободен во офанзивата „Штитот на Еуфрат“, се ранети жени и деца.
Ранетите лица се префрлени во болница, а сè уште никој не презеде одговорност за нападот.
Во бомбашкиот напад во Џарабулус, извршен на 7 март, загинаа шест лица, а 15 се ранети.