Ekipa
24 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
ИДЛИБ (АА) - Во нападите на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и странските терористички групи кои ги поддржува Иран, врз населбите во зоните без судир на Идлиб и позициите на опозицијата, загинаа двајца цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимските сили и странските терористички групи ги гранатираа местата Хувејун и Сукејк во Хан Шејкун, Латамине на периферијата на Хама и подрачјето Кефер Зита.
Исто така, режимските авиони полетаа од базата „Хмеимим“ во Латакија и извршија воздушни напади на позициите на опозицијата во местата Сукејк, Теманије и Хувејун.
Мустафа Хаџ Јусуф, од Цивилната заштита во Идлиб, изјави дека режимските сили во последно време ги интензивирале нападите на населбите во Идлиб.
„Во ракетните напади кои режимските сили во попладневните часови ги извршија на Хан Шејкун загинаа двајца цивили, а повеќе од петмина се ранети“, изјави Хаџ Јусуф.
Во експлозијата на направата поставена на мотоцикл во центарот на Идлиб, ранети се двајца цивили.
Во копнените и воздушните напади кои режимските сили ги извршија на Идлиб од почетокот на годината, загинаа намалку 82 цивили, а повеќе од 270 се ранети.
И покрај Договорот од Сочи, кој, со цел воспоставување на примирје во Идлиб, го постигнаа Турција и Русија, режимските сили повремено извршуваат напади. Опозицијата во согласност со Договорот, постигнат на 17 септември 2018 година, на 10 октомври 2018 година го повлече тешкото вооружување.