Hakan Çopur
25 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео, e сигурен дека на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, му се избројани деновите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Помпео за последните случувања во Венецуела говореше за америкаснкиот телевизиски канал Си-ен-ен (CNN).
Тој е уверен дека на народот во Венецуела му треба демократија и порача дека ќе продолжи со напорите населението да ја добие потребната хуманитарна помош. Тој нагласи дека демократијата е единствената цел на САД во Венецуела.
„САД ќе продолжат со пружањето поддршка на привремениот претседател Хуан Гваидо“, рече Помпео.
Тој ја повика војската на Венецуела да се врати на својата мисија и да ги штити своите граѓани.
„Сигурен сум дека деновите на Мадуро се избројани“, рече Помпео.
Тој и во програма на американскиот телевизиски канал Fox News Мадуро го нарече болен тиранин и порача дека нема да може да се спречи влезот на камионите со хуманитарна помош во Венецуела, и побара од војската на таа земја да ја преземе одговорноста.
Претседателот на Националниот парламент Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела, а поддршка му дадоа САД, Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Костарика и Гватемала. Мексико, Турција, Русија, Иран, Куба, Кина и Боливија продолжја со поддршката на претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Мадуро ги прекина дипломатските и политичките односи со САД, но најави продолжување на трговските односи.
Американскиот претседател Доналд Трамп како една од опциите го наведе и испраќањето на војници во Венецуела.