Ekipa
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ИДЛИБ (АА) – Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите поддржувачи во Сирија доцна во ноќта извршија интензивни воздушни и копнени напади во цивилните населени места кои се наоѓаат во границите на зоната без судири во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Војската на режимот, составена од режимот на Асад и странските терористички групи подржани од Иран, доцна синоќа изврши стотици напади со топови, ракети и минофрлачи во руралните области Ел Хувејз, Ел Хувејџе, Ел Тувејне, Џисир Бејт Ер Рас, селото Ел Киркат и населеното место Мадик Кале, кои се наоѓаат во западниот дел на покраината Хама, и областа Латамне, која се наоѓа во северниот дел. Сите места се наоѓаат во рамките на зоната без судири во Идлиб.
Од друга страна, два воени авиони извршија напади врз калето Мадик и селото Кури, кои се наоѓаат во западниот дел на Хама.
Здравствениот центар, кој се наоѓа во руралната област Латамне, во подрачјето на Хама, и Болницата за гинекологија, која се наоѓа во населеното место Мадик Кале, исто така, беа цел на воздушните напади. По нападите болниците не беа во можност да даваат услуги за болните.
По нападите на населеното место Мадик Кале и неколкуте преостанати цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.
Центарот за набљудување авиони, кој припаѓа на опозицијата, преку својот профил на социјалните медиуми, во однос на воздушните напади на населеното место Мадик Кале и селото Кури, напиша: „Руски борбен авион полета од базата „Химејм“ која се наоѓа во Латакија“.
Во минатонеделните напади врз цивилни населби во покраините Идлиб и Хама најмалку 18 цивили ги загубија своите животи.