Ekipa
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АФРИН/АЗАЗ (АА) - Во центарот на градот Африн, кој се наоѓа во близина на сириско-турската граница, експлодираше возило полно со експлозив. Во нападот животот го загубија 8 цивили, а 14 цивили се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Утрово во Африн се случи терористички напад откако на просторот за продажба на зеленчук и овошје експлодираше паркирано возило, комбе-ладилник, полно со експлозив.
Според првичните проценки, во експлозијата животот го загубиле 8 цивили кои работеле на тој простор, а 14 цивили се повредени. Повредените кои се во потешка состојба се пренесени во болница.
Се дознава дека меѓу повредените има и две деца.
Експлозијата предизвика избивање пожар на просторот за продажба на зеленчук и овошје.
Во рамките на турската операција „Маслинова гранка“, на 18 март 2018 година градот Африн беше ослободен од терористичката организација ЈПГ/ПКК, а терористите повремено ги напаѓаат цивилите со возила полни со експлозив.