Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
НАЈРОБИ (АА) - Кениската полиција соопшти дека употребила огнено оружје при што застрелала две лица за време на немирите, предизвикани од страна на приврзаниците на опозицијата, откако претседателот Ухуру Кенијата е прогласен за победник на националните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Леонард Катана, регионалниот полициски командир, денес изјави дека смртните случаи се случиле во предградие на Кисуму, град во кој лидерот на опозицијата Раила Одинга има силна поддршка. Катана додаде дека во пукотниците се повредени пет лица.
И денес кениската полиција отвори оган со цел да ги растера опозициските демонстранти, кои ги блокираат патиштата и поставуваат барикади во главиот град Најроби.
Кенијата, кој го освои вториот претседателски мандат, вчера упати апел за единство на нацијата откако Изборната комисија ги објави резултатите по неколкудневното броење на гласовите.
Опозицискиот лидер Раила Одинга тврди дека претседателските избори биле наместени.