Adam Abu-bashal
25 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
МОГАДИШУ (АА) - Во рамки на операцијата извршена од страна на сомалиската војска, неутрализирани се 90 припадници на терористичката организација Ал-Шабаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на твитер-профилот на војската на Сомалија се истакнува дека е извршена воздушна операција врз Ал-Шабаб во селото Амара во зоната Мудуг која се наоѓа во централниот дел на земјата.
„Милитантите на Ал-Шабаб се обидоа да го нападнат селото Амара и претрпеа големи загуби. Во воздушната операција врз Ал-Шабаб се убиени најмалку 90 терористи“, се нагласува во соопштението.
Од друга страна, Ал-Шабаб соопшти дека припадниците на оваа организација извршиле самоубиствен напад со возило бомба во селото, при што е настанат судир. Исто така, терористичката организација тврди дека за време на судирите се запленети 14 возила, од кои 12 се возила на војската.
Воен претставник во изјава за АА истакна дека повредени се голем број војници во судирот кој се случил меѓу војската и оваа терористичка организација.
Инаку, терористичката организација Ал-Шабаб често врши напади врз безбедносните сили и цивилните населени места во Сомалија.