Ahmet Furkan Mercan
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
ТОКИО
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави дека Јапонија има најниска стапка на учество на жените во науката и научните области, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на јапонскиот јавен сервис НХК (NHK) под наслов „Образование на прв поглед 2021“, базирана на годишниот извештај на ОЕЦД, учеството на жените во научните области во Јапонија е под просекот.
Според извештајот на ОЕЦД за 2019 година, стапката на жени кои учествуваат во високото образование, во областите како што се природните науки, технологијата и инженерството е најниска во Јапонија.
Во извештајот се наведува дека бројот на студентки во Јапонија по математика, статистика и природни науки изнесува 27 проценти, додека просекот меѓу земјите членки на ОЕЦД е 52 проценти.
Учеството на жените во областа на инженерството, производството и градежништвото во Јапонија е 16 проценти. Просекот на оваа стапка на ниво на ОЕЦД изнесува 26 проценти.
Во извештајот на ОЕЦД, меѓу другото, се наведува дека на Јапонките „им недостасуваат жени за пример“, и покрај тоа што се стекнале со високо ниво на знаење и вештини во научните области и „ги чувствуваат тешкотиите на стереотипниот имиџ“ во изборот на кариерата.