Ekipa
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
КАБУЛ (АА) - Австралиските власти денеска ги објавија деталите од истрагата за најмалку 39 случаи на цивилни убиства од страна на нивните специјални единици во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на австралиските одбранбени сили, генерал Ангус Кембел, побара извинување од Авганистанците додека ги сподели застрашувачките детали од истрагата.
„На народот во Авганистан, во име на австралиските одбранбени сили, искрено и безрезервно им се извинувам за какво било престапи од страна на австралиските војници. Разговарав директно со мојот авганистански колега, генерал [Јасин] Зија, за да му ја пренесам оваа порака“, рече тој во телевизиски говор.
Тој нагласи дека ваквото однесување претставува длабоко непочитување на довербата која народот во Авганистан ја дал на австралиските сили, во време кога побараа наша помош.
„Тоа ќе го уништи животот на авганистанските семејства и заедници, предизвикувајќи им неизмерна болка и страдање, и со тоа ќе се доведат во прашање и нашата мисија и безбедноста на нашите авганистански и коалициски партнери“, рече тој.
Во меѓувреме, авганистанската претседателска палата соопшти дека претседателот Мухамед Ашраф Гани добил телефонски повик од австралискиот премиер Скот Морисон во врска со овој случај.
„Во телефонскиот разговор, австралискиот премиер изрази најдлабока тага за лошото однесување на некои австралиски трупи во Авганистан и го увери претседателот на Исламска Република Авганистан за истрагите и обезбедувањето правда“, се вели во соопштението.