Ekip
14 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
БРИСЕЛ (AA) – Јенс Столтенберг, генерaлниот секретар на НАТО, изјави дека жали поради потегот на Косово со кој своите безбедносни сили ги претвори во редовна војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг во соопштението истакна дека одлуката на Собранието на Косово од петокот е да ја почне трансформацијата на безбедносните сили „донесена и покрај загриженоста што ја изрази НАТО“.
„Трансформацијата на Косовските безбедносни сили принципиелно е предмет на одлука на Косово, ние јасно ставивме до знаење дека за таков потег не дошло време“, рече Столтенберг.
Тој рече дека НАТО го поддржува развојот на Косовските безбедносни сили во рамките на моменталниот мандат, но дека со оваа промена сојузот „сега ќе мора да го преиспитува нивото на анганжманот на НАТО со Косовските безбедносни сили“.
Повторно ги повика Приштина и Белград да останат смирени и да се воздржат од какви било изјави или акции што можат да доведат до ескалација.
Потсетуваме, со апсолутно мнозинство гласови Собранието на Косово го изгласа Законот за Косовските безбедноси сили (КБС). На гласањето не присуствуваа српските пратеници.
Законите за трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили предвидуваат косовската војска да има мандат на целата територија на Косово, како и сите атрибути на вооружена формација - врховен командат, генералштаб, оружје и симболи.