Ekip
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утре во Анталија ќе се состане со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со министерот за надворешни работи на таа земја, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
НАТО соопшти дека Столтенберг ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија.
Вториот дипломатски форум во Анталија (АДФ) ќе се одржи од 11 до 13 март. Настанот ќе собере голем број политички лидери, водечки интелектуалци, лидери на јавното мислење, истражувачи, дипломати и бизнисмени за да разговараат за глобалните и регионалните прашања, а ќе бидат вклучени и голем број официјални лица и истакнати личности од регионот.