Fuat Kabakçı
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ПЕКИНГ (АА) - Тајван го потресе земјотрес со интензитет од 5,7 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Централното биро за метеорологија на Тајван соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во главниот град Тајпеј, на длабочина од 140 километри.
Засега нема податоци дали во земјотресот има загинати или повредени, и дали е предизвикана материјална штета.