Tayfun Salcı
12 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
ЛОНДОН (АА) – Во извештајот кој го подготви Комисијата за јавна администрација при Парламентот на Обединетото Кралство се вели дека постои веројатност оти имало кибер интервенција надвор од државата, врз интернет страницата на којашто се регистрираа гласачите за време на минатогодишниот референдумот за излез од Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA)
Интернет страницата на која се регистрираа гласачите за да го дадат својот глас на референдумот, беше надвор од функција еден ден пред истекот на рокот за регистрирање. Тогашниот премиер, Дејвид Камерон го продолжи рокот за регистрација, додека пак владата и Изборната Комисија ја објаснија ситуацијата како „дефект произлезен од преголемиот интерес“.
Во извештајот на Комисијата за јавна администрација при парламентот се упатува апел до владата, да се формира нов Центар за кибер безбедност, за како што се вели, безбедноста на изборите и референдумите кои ќе се одржуваат во иднина во државата.
Исто така, во извештајот се упатува критика кон владиното разбирање на кибер безбедноста. „САД и Обединетото Кралство најчесто кибер безбедноста ја подразбираат како техничка тема и како основа на компјутерските мрежи. Додека пак, Русија и Кина користат когнитивен пристап, базиран на разбирање на психологијата на масите и манипулација на индивидуалци“, се вели во извеештајот на комисијата.
- Критика кон владата на премиерот Камерон -
Во извштајот се прави и ретроспектива, односно се оценува ситуацијата на референдумот за Брегзит. Владата на Камерон се обвинува дека државата ја внела во референдум, чиишто резултати не е спремна да ги спроведе. Исто така, се посочува дека во иднина потребно е владите да бидат внимателни пред да донесат одлука за референдум за осетливи теми.