Elvir Hociç
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
САНА (АА) - Десетици илјади луѓе се собраа денеска во знак на протест во главниот град на Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод втората годишнина од почетокот на воената операција „Бура - одлучност“, денес во Сана е организиран масовен собир со засилени безбедносни мерки.
Голем број поддржувачи на бунтовничкото шитско движење на Хусите и нивните сојузни групи лојални на поранешниот претседател Али Абдулах Салих се собраа на Плоштадот Ес Себин.
„Бура - одлучност“ е воена операција која против движењето на Хусите во Јемен ја започнаа пред две години воздушните сили на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го окупираа главниот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.
Претседателот на Јемен, Абд Рабух Мансур Хади и претставниците на неговата влада побегнаа во Саудиска Арабија, а јужниот град Аден сега е административен центар на меѓународно признатата јеменска влада.