Handan Kazancı
15 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
САЛАДИН
Најмалку три лица загинаа во напад на терористите на ДЕАШ во ирачката северна покраина Саладин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мехди Таки, член на Комисијата за безбедност на Покраинскиот совет на Саладин, за АА изјави дека старешината на селото и неговите двајца браќа загинале во оружен напад.
Терористите исто така го запалиле домот на селскиот старешина.
„Безбедносните сили започнаа операција“, додаде Таки.
Кон крајот на 2017 година, официјалните претставници во Багдад објавија дека присуството на ДЕАШ во Ирак е отстрането.
Но терористите сѐ уште се присутни во руралните области Анбар, Дијала, Киркук, Саладин и Мосул.
Ирачката армија продолжува да спроведува чести операции против терористичката организација во овие делови на земјата.