Handan Kazancı
15 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ЈЕМЕН
Јеменската армија денеска соопшти дека голем број припадници на бунтовничкото движење Хуси се убиени во судири кои се случија во централната област Ал Бајда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од прес-кабинетот на јеменската армија се соопштува дека многу Хуси биле исто така повредени во судирите.
Хусите треба допрва да искоментираат во врска со инцидентите.
Јемен е упориште на судири и насилство од 2014 година, кога проиранското бунтовничко движење Хуси ја презеде контролата во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници почнаа да изведуваат воздушни напади против Хусите во Јемен, поддржувајќи ја просаудиската власт.
Од 2016 година досега загинаа повеќе од 70.000 лица, проценуваат Обединетите нации, а 14 милиони се соочуваат со екстремен глад.