Amir Latif Arain
19 Август 2026•Ажурирано: 19 Август 2026
Токио денес ги оцени американските санкции за јапонската претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) како „исклучително жални“, објави Кјодо њуз, јавува Анадолу.
Реакцијата на Јапонија дојде еден ден откако САД воведоа санкции за претседателката на МКС, Томоко Акане и официјалниот претставник Абдулаје Сеје.
Акане, јапонска државјанка што е претседателка на МКС од 2024 година, и Сеје, сенегалски државјанин, се додадени на Листата на санкционирани лица на Министерството за финансии на САД, според веб-страницата на Министерството.
Со ставањето на листата се блокираат сите средства што Акане и Сеје ги поседуваат во САД, а на американските државјани и субјекти им се забранува да вршат трансакции. со нив.
Потегот е преземен во време кога Вашингтон го засили притисокот врз судот откако МКС во ноември 2024 година издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант поради наводни воени злосторства во Газа.