Michael Hernandez
03 Јуни 2019•Ажурирај: 04 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, го повика режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски и ирански сојузници итно да ги запрат нападите во Идлиб во северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (АA).
„Слушам дека Русија, Сирија и во помала мера Иран страотно го бомбардираат подрачјето на Идлиб и убиваат многу невини цивили. Светот ги набљудува тие масакри. Што е целта, што ќе ви донесе тоа? СТОП“, порача Трамп.
Цивилната заштита „Бели шлемови“ соопшти дека во изминатите месец дена во нападите во Идлиб се убиени најмалку 160, а раселени повеќе од 270.000 цивили.
Идлиб е најголема енклава под контрола на опозицијата во Сирија. Со посредство на Турција и Русија, во Сочи, во септември минатата година постигнат е договор за примирје во Идлиб и воспоставување деескалациона зона за цивилите.
Во согласност со договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од регионот, а силите приврзани на режимот на Асад не престанаа со артилериските и воздушните напади во тој регион.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) во последниот извештај наведува дека во режимските напади од почетокот на годината во Идлиб се убиени над 150, а ранети речиси 500 цивили.