Michael Hernandez
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, му честита на Владимир Путин по повод инаугурацијата и четвртиот мандат за претседател на Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот Трамп му честита на Путин и се надева дека наскоро ќе дојде време за градење добри американско-руски односи“, изјави гласноговорничката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Трамп претходно во телефонски разговор на Путин и директно му честита за изборната победа на претседателските избори кои се одржаа во март оваа година.
Путин вчера положи свечена заклетва и го презеде четвртиот шестгодишен мандат на чело на Русија.
На свечената инаугурација ѝ претходеа масовни протести изминатиот викенд, во кои руската полиција приведе неколку илјади демонстранти, вклучувајќи го и опозиционерот Алексеј Навални.
На прашањето да ги прокоментира приведувањата, портпаролката на Белата куќа, Сандерс, истакна дека САД сметаат оти секој има право слободно да го изразува своето мислење.