Servet Günerigök
21 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес отпатува во посета на Швајцарија за да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, кога Сенатот започнува со историскиот импичмент, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Заминувам во Давос, Швајцарија, за да се состанам со светските и економски лидери и во Соединетите Американски Држави (САД) повторно да донесам добра политика и додатни стотици милијарди долари. Ние досега сме број еден во светот“, напиша Трамп на Твитер.
Се очекува Трамп да одржи говор и да се состане со неколку свевтски лидери за време на форумот, меѓу кои и со ирачкиот претседател Бархам Салих, пакистанскиот премиер Имран Кан, претседателот на Швајцарската конфедерација Симоета Сомаруга и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Процесот на Сенатот за импичмент на Трамп започна во четвртокот со читање на обвиненијата донесени од двата дома на Претставничкиот дом, со што Трамп стана трет претседател во историјата на САД кој се соочил со постапки во Сенатот.
Сенатот денес ќе започне со сослушувањето на сведоците во случајот со обвиненијата за злоупотреба на позицијата од страна на Трамп.
На јубилејниот 50. Светски економски форум во Давос ќе учествуваат 3.000 официјални претставници од 117 земји, вклучувајќи и претседатели и премиери на најмалку 50 држави.