Tufan Aktaş
06 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
АДИС АБЕБА
Јазот меѓу сиромашните и богатите во Африка кој од ден на ден станува сѐ поголем покажа дека богатството на тројцата милијардери од овој континет е поголемо од богатството на приближно 650 милиони жители на Африка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот под наслов „Приказната за двата континента“ подготвен од „Оксфам“ со седиште во Британија, во кој се потенцира неправдата во приходите на африканскиот континент, прикажано е дека богатството на само тројца милијардери е поголемо од богатството на половината од 1,3 милијарда луѓе што живеат на тој континент.
Во извештајот кој е објавен во Јужна Африка за време на Светскиот економски форум, се наведува дека според листата на бизнисмени подготвена од страна на „Форбс“ (Forbes), Алико Данготе, Ники Опенхајмер и Јохан Руперт поседуваат богатство од околу 28,8 милијарди долари.
Во извештајот се истакнува дека поради фактот што африканските богаташи 75% од своите пари ги држат на офшор-сметки, секоја година континентот губи 14 милијарди долари данок, и се додава дека во сите африкански земји се обидуваат да се справат со нерамноправноста, колонијалната историја и честопати неуспешните економски политики што ги спроведуваат Меѓународниот монетарен фонд (IMF) и Светската банка.
Во извештајот место му се отстапува и на Вини Бјанјима, директорот на „Оксфам“, кој вели „Африка е подготвена за издигнување, но тоа ќе се случи само кога нејзините лидери нема да работат само за неколкутемина богаташи, туку за поголемиот дел жители, кога ќе имаат храброст да поддржат една похумана економија.“
Според извештајот, вкупното богатство на најсиромашното население на Африка кое го сочинува 50% од популацијата на континентот изнесува 23 милијарди долари.
Според Светската банка, се предвидува дека до 2030 година 87% од најсиромашното население ќе се наоѓа на овој континент.