Mohammed Yahya Ahmad Mohammed, Hamdi Yıldız
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
ТУНИС
Туниските власти вчера објавија дека 105 нерегуларни мигранти се спасени откако нивните чамци потонаа крај брегот на земјата на Средоземното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хусам Един ал-Џабали, портпарол на Туниската национална гарда, на својот профил на социјалните мрежи рече дека чамците потонале откако мигрантите ги игнорирале нивните предупредувања и продолжиле да пловат кон Европа.
Ал-Џабали додаде дека преживеаните биле со африканско потекло.
Со години, магрепските земји - Алжир, Либија, Мавританија, Мароко и Тунис - беа сведоци на обидите на мигрантите претежно од супсахарска Африка да стигнат до Европа.