Hamdi Yıldız
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
БЕЈРУТ
Воениот авион на Турските вооружени сили (ТСК), во кој се наоѓа помош од опрема и персонал од Турција за Либан, пристигна во Бејрут, јавува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Авионот на ТСК кој полета од Анкара со помош во медицинска опрема, друга опрема и персонал за пребарување и спасување, пристигна во либанскиот главен град Бејрут каде што се случи експлозијата“, се наведува во соопштението.
Се нагласува дека со инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, испратена е медицинска и хуманитарна опрема, како и персонал за пребарување и спасување по експлозијата која се случи во Бејрут.
Опремата беше подготвена од страна на Министерството за здравство на Турција, турската Агенција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД) и турската Црвена полумесечина, која потоа беше поставена во воениот карго авион од типот „A 400M“ на воениот аеродром „Етимесгут“.
Во Либан од страна на Министерството за здравство се испратени 21 член персонал на УМКЕ, две единици за итна интервенција, 3 шатори за престој на персоналот, лекови и медицинска опрема, од страна на АФАД се испратени 10 члена персонал, опрема, возило за спасување и од страна на Црвената полумесечина се испратени 3 члена персонал, тим за пребарување и спасување, како и помош во здравствена и хуманитарна опрема.