Zafer Fatih Beyaz
20 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
АНКАРА
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, телефонски разговараше со шефот на Пентагон, Лојд Остин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција наведено е дека Хулуси Акар и Лојд Остин имале позитивен и конструктивен разговор.
„По НАТО-самитот разменети се мислења за регионални и билатерални прашања од областа на одбраната и безбедноста“, пишува во соопштението.