Fırat Taşdemir
04 Јуни 2022•Ажурирај: 05 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили за безбедност неутрализираа шестмина терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, соопшти денес Министерството за одбрана на Република Туркије (Турција), известува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани во регионот на операцијата „Канџа-катанец“, објави на социјалната мрежа Твитер Министерството за одбрана на Република Турција.
Турција започна низа операции против ПКК во северниот дел на Ирак во 2020 година, а во април оваа година ја започна операцијата „Канџа-катанец“, насочена кон засолништата на терористите на ПКК во северните ирачки области, особено во областите Метина, Зап и Авасин-Басјан.
Претходно во 2020 година Турција ги започна операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ со цел да се осигури безбедноста на турскиот народ и границите, со неутрализирање на заканата од ПКК и другите терористички групи кои го користат северен Ирак за планирање на прекугранични напади.
Турските безбедносни сили водат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, но и кај северните соседи Ирак и Сирија. ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.