Sinan Uslu
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
АНКАРА (АА) - Во акции во последните седум дена, во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак, неутрализирани се 41 терорист, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Војската на Турција е соопштено дека во периодот од 20 до 27 април биле неутрализирани 41 терорист, и запленети голем број парчиња оружје и муниција. Уништени се и голем број позиции кои терористите ги користеле како засолништа и магацини.
Соопштено е дека во состав на операцијата „Маслинова гранка“, на подрачјето на сириски Африн, биле неутрализирани 4.305 терористи.
Во тек се акциите на пронаоѓање на преостанатите убиствени средства и деминирање на подрачјето на Африн. Во досегашните активности се уништени повеќе од 120 мини и повеќе од 850 експлозивни направи од рачна изработка.